3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOдговорот на Mercedes на BMW X6M (фото)

Oдговорот на Mercedes на BMW X6M (фото)

mece m bmw

Додека „Mercedes“ се подготвува за премиера на новиот кросовер, „GLE Coupe“, на интернет се појавија првите фотографии на екстремната „АMG“ верзија на овој модел.

Покрај стандардната верзија на идниот „Mercedes GLE Coupe“ и „AMG“ моделот ќе биде заснован на „Mercedes Concept Coupe SUV“, прикажан во април на саемот во Пекинг.

Прототип на „Mercedes GLE 63 AMG Coupe“ е фотографиран со минимална „камуфлажа“ која ги сокрива деталите на предните и задните светла и браници.

mece m bmw1

Сепак, маската на ладилникот, големите отвори и спојлерот на предниот браник, проширените лакови над тркалата, вентилациските отвори на хаубата и четирите издувни цевки, укажуваат дека не станува збор за обично возило.

Се очекува дека „Mercedes GLE 63 AMG Coupe“ ќе го користи познатитот 5.5-литарски „V8 twin-turbo“ бензинец.

mece m bmw2

Неговата моќ би требало да биде доволна за автомобилот да може да парира на новиот „BMW X6M“ кој произведува 575 ks и располага со максимален вртежен момент од 750 Nm.

Покрај моделот „GLE 63 AMG“, „Mercedes“ подготвува и послаб, „GLE 450 AMG Sport Coupe“  со 360-370 ks, кој ќе има премиера на почетокот на 2015-та на саемот во Детроит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП