26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ја задржа каматната стапка

Индија ја задржа каматната стапка

Reserve_Bank_of_Ind_741960f

Централната банка на Индија „RBI“ ја задржа клучната каматна стапка на досегашното ниво, и покрај повиците да ја олабави монетаранта политика, наведувајќи дека намалувањето на стапката во овој момент би било прерано.

„RBI“, „REPO“ стапката, по која им позајмува пари на комерцијалните банки, ја задржа на ниво од осум проценти, но сепак укажа дека стапката би можела да биде намалена на почетокот на 2015 година, доколку инфлацијата продолжи да се намалува, пренесува Ројтерс.

Банката е под притисок на владата и бизнис лидерите да ја намали каматната стапка откако официјалните податоци укажаа на забавување на економскиот раст во третиот квартал. Индискиот бруто домашен производ (БДП) во три месеци заклучно со септември порасна за 5,3 проценти, значително помалку во однос на претходниот квартал.

„RBI“ за дадениот период прогнозираше раст на БДП од 5,5 проценти, а официјален Њу Делхи 5,8 проценти. Економистите сметаат дека на Индија и е потребен економски раст од најмалку осум проценти до девет проценти за да би можела да отвори доволно нови работни места за растечката млада популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП