Од три милијарди луѓе кои моментално користат интернет, Данска е земјата со најбрза стапка на раст на нови корисници по глава на жител, вели извештајот на Обединетите нации.
Меѓународната унија за телекомуникации (ITU), огранок на Обединетите нации која го соствува годишниот извештај за телекомуникациите, направи листа на земји кои имаат најголем број на интернет корисници по глава на жител, како и државите во кои интернетот најбрзо се шири.
Кога станува збор за „ICT Development Index“, односно бројот на „IP“ адреси по глава на жител, Данска е на прво место, Јужна Кореја е на второ, а следат земјите од западна Европа. „ITU“ позитивна оценка даде на државите како Обединетите Арапски Емирати, Фиџи и Тајланд, во кои бројот на интернет корисници е во постојан пораст.
До крајот на 2014-та година, околу 7 милијарди луѓе ќе користат мобилен интернет – што практично е еквивалентно на бројот на луѓе во целиот свет. Иако мобилниот интернет е од клучно значење за оние кои живеат во руралните и неразвиените средини, голем дел од тие 7 милијарди се корисници кои веќе имаат пристап до истиот и живеат во добри економски општества. Во неразвиените земји, интернет поврзаноста меѓу руралните и урбаните делови може да варира дури до 35%. Сепак, користењето на интернет во економски развиените земји е во постојан пораст и таквите корисници сега сочинуваат 30% oд целиот број на приклучени на интернет, додека пред десет години тој процент беше 9%.
Глобалното користење на интернет во 2014-та година порасна за 6.6% и тоа главно благодарејќи на корисниците во неразвиените земји. Тој број е дуплиран во последните 5 години, што значи дека две третини од луѓето во тие региони се „online“.
Oд 4.3 милијарди луѓе без интернет, од нив 90% живеат во неразвиените земји.
Растечкиот број на корисници е тесно поврзан со содржините на самиот интернет. Па така на пример „YouTube“ секоја минута прави „upload“ на 100 часа видео материјали.