18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЈ.К. Шин ја задржа својата позиција во Samsung

Ј.К. Шин ја задржа својата позиција во Samsung

sef mob samsung

Гласините дека првиот човек на мобилното одделение Ј.К. Шин ќе биде сменет во текот на декември, кога компанијата „Samsung“ традиционално ги објавува промените во својата организациска структура, се покажаа како невистинити.

Иако не ја загуби својата висока позиција во компанијата, Шин најверојатно ќе мора да се согласи со значително намалување на својата плата.

Компанијата објави дека сите раководители на сектори ќе останат на своите положби, вклучувајќи го и споменатиот Шин. Тој беше на чело на мобилното одделение во времето на растот на „Samsung“, кога компанијата го превзема челното место меѓу производителите на мобилни уреди, надминувајќи ја и компанијата „Apple“.

Но, во последно време мобилниот оддел доживеа пад на продажбата и профиот во третиот квартал од оваа година за околу 60%, во однос на 2013-та.

Исто така, компанијата се соочува со подобра конкуренција од Кина во вид на компаниите како што се „Lenovo“, „Huawei“ и „Xiaomi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП