16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентрална банка на Албанија ја намали основната каматна стапка

Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка

albanija narodna banka 35t

Албанската Централна банка ја намали основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 2,25 отсто, што претставува историски рекорд, јави дописникот на МИА од Тирана.

Ова е трето намалување на основната каматна стапка годинава. Првото беше во февруари кога беше намалена на 2,75 проценти а второто во јуни, во обид поттикнување на албанската економија.

Надѕорниот одбор на Банката по разгледувањето на месечниот извештај за монетарната политика ја донел одлуката за намалување на основната каматна стапка со цел да се поттикне потрошувачката и ивестициите. Колку ова ќе услови реалзиација на целите на банката останува да се види, зашто претходните намалувања не го дадоа посакуваниот ефект.

Инаку, Албанија деновиве постигна договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за исплата на следната транша во вредност од 53 милиони евра од кредитот на земјата, а Парламентот без опозицијата го изгласа буџетот за 2015 година, со кој се предвидува еконмски раст од четири отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП