28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ домаќин на регионален состанок на супервизорски органи

НБРМ домаќин на регионален состанок на супервизорски органи

nbrm1111

Супервизорските органи од регионот денеска на состанок во Скопје го разгледуваа предлог­текстот на Меморандумот за соработка со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган.

На четвртиот регионален состанок на супервизорските органи, чиј домаќин е Народната банка на Република Македонија, учествуваа претставници на Банката на Албанија, Агенцијата за банкарство на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банката на Косово, Централната банка на Црна Гора и Банката на Србија.

Овој вид состаноци се одржуваат во рамки на Виенската иницијатива 2 и има цел утврдување на заедничкиот настап на супервизорските органи од регионот во односите со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган.

Состанокот го отвори гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој го истакна значењето на ваквите средби за размената на искуствата и предизвиците во усогласувањето на супервизорската регулатива и практика со европските стандарди, како и за воспоставување ефикасна соработка со институциите коишто се дел од механизмот на единствен супервизор во евро­зоната. Значаен чекор напред во таа насока е склучувањето Меморандум за соработка на супервизорските органи од регионот со Европската централна банка и Европскиот банкарски орган, чијшто предлог­текст беше разгледан на состанокот, соопшти НБРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП