2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на ЕК за Јужен поток, независно од најавите за повлекување од...

Средба на ЕК за Јужен поток, независно од најавите за повлекување од Русија

bugarija_juzen_potok

Заменикот претседател на Европската комисија и еврокомесар за енергетика Марош Шефчович денеска изјави дека на 9 декември ќе се одржи претходно планираната редовна средба, поврзана со проектот „Јужен поток“.

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ беше редовно на агендата на состаноците меѓу државите од ЕУ низ кои е предвидено да минува и Европската комисија. ЕК неколку пати беше домаќин на средби за изнаоѓање на решение, за проектот да биде целосно усогласен со европското законодавство. Следната средба беше закажана за 9 декември и ќе се одржи независно од намерата на Русија да го запре проектот, се наведува во писменото соопштение на Шефчович.

Новиот развој на настаните секако ќе биде дополнителен елемент на агендата на претстојната средба. Постојано променливата енергетска средина во ЕУ, исто така, е причина

Унијата да создаде одржлив европски енергетски сојуз. Еден од приоритетите на таквиот сојуз ќе биде безбедноста во доставата на енергенси, нагласи еврокомесарот за енергетика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП