11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Падот на цената на нафтата ќе ја оживее светската економија

Лагард: Падот на цената на нафтата ќе ја оживее светската економија

Christine-Lagarde-EU-IMF-660x330

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави дека падот на ценaтa на нафтата ќе ја оживее глобалната економија.

Таа напомена дека сепак падот на ценaтa на нафтата претставува сериозен ризик за извозниците на нафта и гас вклучувајќи ја и Русија.

„Цената на нафтата која во последните месеци забележа пад од 30 проценти придонесе за раст од 0,8 проценти во развиените земји кои се увозници на нафта“, наведе Лагард. Таа смета дека падот на цената на нафтата особено негативно ќе се одрази на Русија и на нејзината економија.

„Падот на цената е сериозна опасност за веќе постоечката нестабилност во Русија. Ќе видиме каков одговор Русија ќе даде на ваквата ситуација“, изјави директорката на ММФ.

Таа додаде дека падот на цената на нафтата негативно ќе се одрази и на Иран, Венецуела и неколку африкански земји.

Исто така, верува дека членките на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) би можеле да се соочат со буџетски дефицит во случај да продолжи падот на цената на нафтата во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП