4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s не ги поштеди јапонските банки

Moody’s не ги поштеди јапонските банки

japonski-banki5641564

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на пет јапонски банки, еден ден откако го намали и рејтингот на официјален Токио, поради загриженоста за огромниот јавен долг.

Банките чиј рејтинг е намален се „Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ“, „Mitsubishi UFJ Trust and Banking“, „Sumitomo Mitsui Banking“, како и регионалните кредитори „Shizuoka Bank“ и „Chugoku Bank“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Moody’s“ наведува дека кредитниот статус на банките е намален за еден степен, на А1 од Аа3 со стабилна прогноза. Агенцијата претходно вчера го намали и рејтингот на Јапонија исто така за еден степен, на А1 од Аа3, откако третата по големина светска економија во третиот квартал потона во рецесија.

„Одлуката за намалувањето на рејтингот на банките го отсликува нашиот став дека јапонската влада има капацитет да им помогне на банките во согласност со својот рејтинг Аз, па затоа тоа треба да биде и рејтингот на банките. И покрај тоа, веруваме во подготвеноста на Токио да ги подржи големите банки“, наведе агенцијата.

По намалувањето на рејтингот, кредитниот статус на Јапонија е помал од статусот на соседните земји, Кина и Јужна Кореа и е на истото ниво како со Израел и Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП