18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку Грци работат на црно?

Колку Грци работат на црно?

greece

Министерството за труд во Атина со вкупно 60 милиони евра ги кази претпријатијата за кои е откриено дека вработуваат непријавени работници, пишува грчкиот весник Катимерини.

Под истрага на Министерството се најдоа 29,079 компании, а непријавена работа е откриена во 3.645 компании, односно во 12,53 проценти од нив или во една од осум компании, наведува Катимерини.

Од вкупно 157,085 вработени во компаниите, 5,751 или 3,66 проценти не се пријавени за задолжителното социјално осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП