2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВнимавајте при купувањето половни гуми, погледнете зошто! (видео)

Внимавајте при купувањето половни гуми, погледнете зошто! (видео)

prevara gumi

Како што знае секој одговорен возач, гумите се потрошен материјал и мораат да се менуваат кога ќе дојде време за тоа, меѓутоа, одредени луѓе се подготвени да ризикуваат животи со цел да заштедат или заработат пари.

На интернет се појави една видео снимка од Финска на која можеме да видиме како од истрошена настанува „нова“ гума со длабоки шари. Овој „мајстор“ исече ленти во шарите и направи подлабоки засеци, а со тоа правејќи илузија на исправна гума, која на овој начин е само дополнително ослабена и е подложна на пукање.

Иако во потписот на снимката се наведува дека оваа постапка, позната како и „regrooving“ или „браздење на гумите“, е извршена исклучиво за лична употреба без намера за продажба, неможеме доволно да нагласиме, колку е таа опасна, а во повеќето земји и илегална.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП