20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМеленото месо ќе се меле пред очите на купувачите

Меленото месо ќе се меле пред очите на купувачите

melenomeso

Според новиот правилник на Агенцијата за храна и ветеринарство, од крајот на месецов, месарниците нема да можат да продаваат однапред мелено месо, туку потрошувачот ќе треба сам да го одбере свежото парче месо, кое месарот ќе треба да го сомеле пред очите на купувачот.

Согласно новиот правилник на Агенцијата за храна и ветеринарство, месото ќе се меле исклучиво во присуство на потрошувачот, а подготовките од мелено месо ќе можат да се прават само во објекти кои имаат дозвола за тоа.

Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство изјави дека меленото месо повеќе нема да може топтан рефусно да се продава без вие како потрошувач да знаете што има во него. Ново е што нема да може, секоја месарница однапред да го приготвува месото и така да стои приготвено. Нормално, вие како потрошувач ќе може да добиете мелено месо доколку побарате на лице место да ви сомелат, а подготовките од мелено месо (оние готовите) ќе може да се прават во објектите кои имаат одобрување за тоа.

Со новиот правилник, исто така, на секое месо мора да има јасно означена декларација на која ќе стојат земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање, како и кодот на земјата и бројот на кланицата од каде доаѓа месото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП