12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови инвестиции во општина Илинден

Нови инвестиции во општина Илинден

gradenje 5

Нови инвестиции на шест градежни парцели во локалните економски зони во општина Илинден се реализираат со ноемврискиот циклус на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште. Вкупната вредност на инвестициите според проценките е пет милиони евра, кои ќе отворат нови 170 работни места, а една од нив е странска директна инвестиција.

Компанија „Магрони“ ќе гради деловен центар и логистичко­дистрибутивен центар за пијалоци. Вкупната инвестиција изнесува 2.300.000 евра, со што ќе бидат отворени нови 50 работни места.

Компанијата „Палкомак“ на две парцели ќе гради магацинско дистрибутивен центар за суровини во областа на прехранбената индустрија и деловен простор. Вкупната инвестиција е проценета на 1.200.000 евра и ќе овозможи вработување на околу 50 лица.

Компанијата „Агрома“, исто така, на две градежни парцели ќе гради погон за производство и дистрибуција на репроматријали за прехранбена индустрија. Вкупната инвестиција се проценува на 1.000.000 евра, со што ќе се создадат услови за 50 нови вработувања.

Компанијата „Конико“ ќе гради магацинско­дистрибутивен центар за хардверска опрема и информатичко­комуникациска технологија. Вкупната вредност на инвестицијата е проценета на 500.000 евра и ќе креира нови 20 работни места.

Од Општина Илинден наведуваат дека ноемврискиот инвестициски циклус претставува производ на спроведување и реализација на реален и ефективен концепт за овозможување поволни услови за влез на инвестиции во Општина Илинден и оти значително ќе придонесе за локалниот економски одржлив развој и регионалниот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП