3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар во 2015 година ќе излезе од рецесија

Кипар во 2015 година ќе излезе од рецесија

kipar nikozija

Економијата на Кипар во 2015 година ќе излезе од рецесија, бидејќи закрепнувањето од банкарскиот колапс зема замав, вели гувернерката на централната банка Христала Јоргаџи.

„Мојот оптимизам за таквото тврдење се базира на фактот што порано од очекуваното искусивме напредок и остваривме позитивни резултати“, изјави гувернерката во обраќањето пред парламентарната комисја, пренесува агенцијата Франс прес.

Економијата на Кипар, како што изјави таа, наредната година ќе има скромен раст од 0,5 проценти и помала од прогнозираната рецесија во 2014 година.

„Прогнозата на Европската комисија и проектираното забавување на кипрската економија од 2,8 проценти за оваа година делува реалистично“, изјави таа, потсетувајќи дека кипарското Министерство за економија прогнозирало пад на економијата од три проценти за оваа и 0,4 проценти за 2015 година.

Економијата на Кипар во третиот квартал од оваа година забави за 2 проценти во споредба со падот од 2,2 проценти во вториот квартал, според официјалните податоци објавени минатиот месец.

Кипар е во рецесија од 2011 година, а „тројката“,меѓународни кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – во март 2013 година му доделија на Кипар пакет помош за да спречат банкарски колапс на оваа земја. Во замена за добивањето на помош, Кипар се согласи со остри мерки за штедење и комплетна реконструкција на ослабениот финансиски сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП