18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата за поттикнување на женското претприемништво

Дебата за поттикнување на женското претприемништво

zenibiznis2598

„Поддршка, поттик и промоција на жени претприемачи“ е темата на тркалезната маса што денеска ја организира Сојузот на стопански комори на Македонија со цел да го поттикне женското претприемништво во Република Македонија.

На трибината ќе се обрати Данела Арсовска, претседател на ССК, а најавено е присуство и на заменик­министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, градоначаничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и пратеничката Даниела Рангелова.

На дебатата ќе присуствуваат триесеттина жени претприемачи – менаџери, од повеќе сектори, кои ќе ги споделат своите исуства. Исто така, ќе се дискутира за бенефитот од субвенциите кои се доделуваат за жените претприемачи, но и за можноста од зголемување на сумата која во моментот е во висина од 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000,00 денари по компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП