29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСеп Блатер: Мундијалот во Катар е сигурен

Сеп Блатер: Мундијалот во Катар е сигурен

Fifa President Sepp Blatter says the World Cup has to change with the times

Првиот човек на Светската фудбалска асоцијација Сеп Блатер тврди дека Светското првенство 2022 година сигурно ќе се одржи во Катар.

Блатер тврди дека не постои никаква можност за на Катар да му биде одземена организацијата на Мундијалот во 2022 година.

„Верувајте ми, сите овие приказни што се пишуваат ширум светот, доаѓаат од оние кои немаат никаков допир со фудбалот. Светското првенство дефинитивно ќе се одигра во Катар’’, изјави претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, при доделувањето на наградите на Азиската фудбалска асоцијација што се одржа во Манила.

Овој одговор на Блатер доаѓа по новите обвинувања изнесени во англискиот весник „Сандеј тајмс’’ кој излезе со нова сторија за корупција при доделувањето на организацијата на следните две Светски првенства во Русија 2018 година и во Катар четири години подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП