23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција потпишаа меморандум за изградба на гасовод

Русија и Турција потпишаа меморандум за изградба на гасовод

erdo

Русија и Турција денеска потпишаа меморандум за изградба на морски гасовод до Турција со годишен капацитет од 63 милијарди кубни метри, изјави денеска директорот на руската државна компанија „Газпром“ Алексеј Милер.

Тој наведе дека 14 милијарди кубни метри гас ќе бидат за Турција, додека другите ќе бидат доставени до границата со Грција.

Претходно и рускиот претседател Владимир Путин и Милер изјавија дека нема да се реализира проектот Јужен поток, кој како што беше предвидено требаше да поминува низ Бугарија, а неговиот капацитет требаше да биде 63 милијарди кубни метри гас годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП