3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија догодина ќе потроши 2,5 отсто повеќе енергија

Македонија догодина ќе потроши 2,5 отсто повеќе енергија

Energy333

Потрошувачката на вкупната енергија во Македонија во наредните пет години ќе расте по 2,5 отсто на годишно ниво, предвидува Предлог­енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година што денеска беше презентиран пред Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија.

Според Предлог билансот, Македонија во 2014 година потрошила вкупно 74.759 тераџули енергија од сите видови на енергенси, а за следната година се предвидува да се потрошат 79.408 тераџули.

„Во 2014 година во Македонија потрошила исто вкупна енергија како и во 2013 година, но по структурата потрошената количина на енергија е различна кај разните типови на енергенси. Има покачување од 9,4 отсто во потрошувачката на лигнитот и јагленот, кај природниот гас 6,4 отсто, кај геотермалната енергија за 6,2 отсто и коај огревното дрво за 1,4 отсто, а има помала потрошувачка на електрична енергија од 11,4 отсто, кокс 7,6 отсто и сурова нафта и нафтени деривати 0,8 отсто“, рече претседателот на МЕА Кочо Анѓушев на денешната прес­конференција.

Тој посочи дека на денешната средба се заклучило оти е неопходно да се направи посоодветна анализа на што се должи намалената потрошувачка на електрична енергија.

„Гледаме дека во државата се зголемува производството, па можеби намалувањето на потрошувачката на елелктрична енергија се должи на намалувањето во делот на домаќинствата каде се заменува во делот на загревањето со други енергенси, а и во делот на типот на индустријата. Порано главен потрошувач на електрична енергија беа металуршките комбинати кои можеби ја имаат намалено својата активност, а од друга страна се развива индустрија која е помал потрошувач. Воедно последниве две години зимата е потопла од вообичаеното“, рече Анѓушев.

Посочи дека во последните три години се намалува домашното производство на електрична енергија во однос на 2011 година, но, како што истакна, во 2014 година е забележан пораст од 8 проценти на производството на струја во споредба со 2013 година. Увозот во сите овие години е на нивото од околу 30 отсто од вкупните потреби.

„Во Македонија во моментов не се преработува сурова нафта и нафтените деривати целосно се набавуваат од увоз. Потрошувачката на природен гас се предвидува да се зголеми за наредната година, но тоа ќе зависи од потрошувачката на ТЕ­ТО чија работа зависи од цената на гасот и на електричната и топлинската енергија. За јагленот, пак, треба да се размисли да се замени домашниот лигнит со увозен или да се меша со него за да се обезбеди континуирана работа на термоелектраните кои се главниот производител на домашна електрична енергија“, рече Анѓушев.

Согласно законските обврски енергетскиот биланс го подготвува Агенцијата за енергетика на Република Македонија и го доставува до Владата преку Министерството за економија по што Владата го усвојува и се објавува во Службен весник со што станува јавно достапен документ.

Во него се предвидува потрошувачката на сите енергенси како што се електрична енергија, природен гас, нафта и нафтени деривати, јаглен, геотермална енергија, огревно дрво,..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП