26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри лица инкасирале 95.000 евра со фалсификувани ДДВ пријави

Три лица инкасирале 95.000 евра со фалсификувани ДДВ пријави

money-euro_w520

Финансиската полиција откри нова три члена група измамници за ДДВ која преку поднесување фалсификувани ДДВ пријави до Управата за јавни приходи успеала да инкасира нешто повеќе од 95.000 евра по основ поврат на ДДВ од државната каса.

Како што информира Финансиската полиција, организатор на групата е триесет и четири годишниот С.Љ од Скопје кој откако ја разработил шемата за поврат на ДДВ, ангажирал две лица, социјални случаи, на кои за извесна сума на пари им регистрирал фирми на нивно име кои требало да бидат искористени за повратот на ДДВ­то.

Пријавениот С.Љ(34) најпрво ја основал фирмата Кампири трејд ДООЕЛ Скопје во која како управител и овластен потписник на банкарската сметка го поставил лицето Г.К. (38) од Скопје, лице со низок социјален статус кој својата егзистенција ја остварува со собирање отпадоци и поправка на велосипеди. Преку оваа фирма пријавениот С.Љ со намера да се стекне со противправна имотна корист во текот на 2013 година со посредство на Г.К. (38) употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои соодветна документација – фактури, како и извршено плаќање на добавувачи, ги довеле во заблуда службените лица на УЈП и противзаконски и неосновано извршиле поврат на ДДВ и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 49.000 евра. За добро завршената работа С.Љ. на Г.К. му исплатил во кеш 90.000 денари, а остатокот од парите ги задржал за себе.

Бидејќи не се задоволил со 49.000 евра, пријавениот С.Љ. и на лицето М.С. (33) од Скопје му отворил фирма со назив Салиов фешн ДООЕЛ Скопје каде М.С. го назначил за управител и овластен потписник на банкарската сметка на која требало да пристигнат парите од УЈП. И за оваа фирма, пријавениот до Управата за јавни приходи во 2013 година доставил фалсификувана ДДВ пријава во која било искажано побарување за поврат на ДДВ иако фирмата буквално немала никаква деловна активност. Откако Управата за јавни приходи го одобрила повратот на ДДВ­то за Салиов фешн ДООЕЛ Скопје во износ од 46.000 евра, С.Љ., заедно со „управителот“ на фирмата М.С, од банката ги подигнале во кеш сите пари по што тие биле земени од С.Љ., а М.С. добил само дневница за успешно завршената работа.

Финансиската полиција против трите осомничени лица до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Измама“, „Фалсификување и уништување деловни книги“ и „Поттикнување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП