4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПокажете колку сте посебни за 8.000 евра (фото+видео)

Покажете колку сте посебни за 8.000 евра (фото+видео)

siva11

Многу производители на луксузни автомобили им нудат на клиентите можност до најситен детал да го уредат својот автомобил, однадвор или одвнатре. „Lamborghini“, „Rolls“, навремето и „Maybach“, се само од некои од производителите кои поради клиентите со најдлабоки џебови ги симнуваа автомобилите од производните ленти за да ги направат така како што „газадата ќе каже“.

„BMW“, кој е сопственик на „Rolls-Royce“, одлучи некои од тие трикови да ги примени и за идните сопственици на автомобили кои се произведуваат во големи серии.

Љубителите на „онлајн“ конфигурацијата на автомобили, знаат дека „BMW“ веќе некое време нуди „индивидуална“ програма благодарејќи на која „BMW“-то од вашите соништа во „PDF“ фајл може да биде опремен со спортски седишта во посебна кожа, специјални бандажи, како и посебна нијанса на боја.

siva22

Една од тие бои, која е толку посебна од „BMW“ одлучија да снимат краток промо-филм на таа тема.

Станува збор за сива металик боја. Сопственикот кој сака да седне во својот „BMW M5 – Pure Metal Silver“ ќе мора да додаде уште 8.000 евра за тоа задоволство.

„BMW“ во рамките на својата индивидуална програма нуди преку 230 нијанси на различни бои, а да се постигне оваа посебна нијанса на сива со ефект на четкан алуминиум, автомобилот мора да помине низ 3 видови на контрола на квалитетот, да се полира, да се допира со раце и одреден дел да се фарба рачно.

siva33

Истотака, секоја „снегулка“ во фарбата мора да биде нанесена под ист агол…

Најдобро е самите да ја погледнете снимката во која се прикажува посветеноста на компанијата „BMW“ да испорача еден посебен автомобил.

Иако за оваа опција нема да се одлучат купувачите кои едвај составиле парична конструкција да да го купат своето „BMW“, сепак станува збор за возило кое е наменето за секојдневна употреба. Тоа значи дека понекогаш може да се најде и во трговски центар каде ќе биде доволно едно невнимателно дете ширум да ја отвори вратата при излегувањето од автомобилот и ете штета во вредност на половно „Puntо“.

Ваквите опции имаат смисла на многу посебни возила кои во многу бргу време ќе вредат многу повеќе како половни, отколку како нови, на возила кои ќе заземаат посебни места на изложби…

Многу е тешко да се најде оправдување за ваква инвестиција во едно „BMW“ чија колекционерска вредност нема да порасне во текот на 21-виот век.

За промена, би било убаво да видиме произведителите да ни понудат посебна боја, со неизбежна доплата, која ќе понуди нешто ново на полето на функционалноста.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП