29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на италијанскиот БДП

Пад на италијанскиот БДП

italija4

Италијанскиот бруто домашен производ падна за 0,1 проценти во третиот квартал оваа година на квартално ниво, во согласност со прелиминарните резултати.

На годишно ниво, БДП во третиот квартал оваа година е намален за 0,5 проценти, што е за 0,1 проценти помалку од минатомесечните прелиминарно објавени резултати на Заводот за статистика Истат.

Извозот во периодот од јули до крајот на септември даде позитивни резултати во поглед на економскиот раст на Италија, додека домашната потрошувачка и инвестициите биле во стагнација, пренесува АФП.

Третата економија во еврозоната 13 месеци по ред е без раст, што претставува големо оптеретување за актуелниот италијански премиер Матео Ренци кој на власт дојде во февруари ветувајќи дека ќе обезбеди економско закрепнување на замјата и нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП