17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Австрија во ноември 8,7 проценти

Стапката на невработеност во Австрија во ноември 8,7 проценти

vienaavstrija1

Стапката на невработеност во Австрија во ноември изнесувала 8,7 проценти од активната популација, што е зголемување во однос на октомври, кога 8,1 проценти биле невработени.

Агенцијата за вработување на крајот на октомври регистрирала 331,756 невработени.

Откако во јануари невработеноста достигна ниво од 9,8 проценти, во јули е регистриран пад на 7,3 проценти, но веќе трети месец расте стапката на невработеност.

Според податоците на Еуростат, стапката на невработеност во Австрија во октомври била стабилна и изнесувала 5,1 проценти, што е една од најниските стапки во Европа.

Разликата во податоците на Евростат и австралиското Министерство за труд е последица од различните методи на пресметување, пренесува АФП.

Министерот за труд Рудолф Хундстрофер изјави дека Владата брзо треба да ги намали даноците и да го поттикне економскиот раст, пренесува Ројтерс.

Неговата Социјалдемократска партија сака да воведе нов данок за милионерите, со цел да се олесни намалувањето на даноците за граѓаните со помали приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП