4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСhevrolet Сorvette пристигна во Европа и чини 74.500 евра

Сhevrolet Сorvette пристигна во Европа и чини 74.500 евра

new corvette

Еден од најкултните американски автомобили досега, оваа година за прв пат пристигна во Европа, меѓутоа, цената на новата „Сhevrolet Сorvette“ од дури 74.500 евра нема да ги воодушеви нејзините љубители на „стариот“ континент.

И додека основната верзија на „Сorvette“ од другата страна на „барата“ чини 54.995 долари (44.238 eвра), поради високите даноци и трошоците, цената во Германија порасна на 92.425 долари, односно 74.500 eвра.

Сепак, оваа цена се однесува за подобриот пакет на опрема „Z5“, што значи дека „Сorvette“ стандардно вклучува рачен менувач со краток пренос на степените, диференцијал за ограничено пролизгување и посилни сопирачки.

Под хаубата е 6.2-литарски „V8“ со 466KS и 630 Nm кој до „стотка“ стигнува за 4,2 секунди, додека просечната потрошувачка е декларирана на 12 l/100km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП