17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 причини поради кои добрите работници даваат отказ

4 причини поради кои добрите работници даваат отказ

I-Quit-My-Job-Now-What1-660x330

Што ги принудува вработените да дадат отказ? Можеме да набројуваме до утре – несогласување со надредените, нарушен баланс помеѓу приватниот и деловниот живот, конфликти со колегите, мала плата, микроменаџмент, неуспешна комуникација и уште многу други.

Ова се четирите клучни причини кои ги принудуваат вработените да побараат посреќно решение:

Лош систем за награди

Не е се секогаш во висината на платата. Наградувањето на добрите вработени може да се оствари на разни начини, од бонуси, платен одмор, напредување, вклучување во подобри проекти и сл. Меѓутоа доколку успехот и трудот не биде забележан од страна на надредените се пропаѓа во вода, а со тоа пропаѓа и мотивацијата на добриот работник да работи понатаму.

Менаџмент

Кога сите ваши најдобри вработени ќе ги направите менаџери, бидете свесни дека некои од нив ќе ве напуштат. Менаџерите се луѓе кои располагаат со особини кои им овозможуваат да влијаат на вработените, да ја спроведуваат визијата на компанијата и успешо да соработуваат. Но, не се сите родени менаџери, затоа не им ја лепете оваа професија на сите ваши најдбри вработени. Некои ќе потфрлат и нема да се снајдат во тоа поле.

Напредување

Кога вработените ќе увидат дека до напредување доаѓат оние кои помалку работат од нив или до бонуси доаѓаат оние кои се улизуваат или уште полошо оние кои ви се роднини и пријатели во приватниот живот, тоа е демотивирачки. Особено ако многу работеле и си го трошеле и слободното време за успешно да ја завршат оваа работа. Овие работници сигурно ќе ве напуштат бидејќи немаат замисла да почнат да ви се улизуваат.

Пренатрупаност

Кога успешните работници ќе почувстваат дека немаат слободно време, кога константно ќе им бидат доделувани нови и нови задачи, тие лесно ќе сфатат дека се искористени и во најбро време ќе започнат да бараат нова работа. Дополниелната работа не треба да биде ваша награда за успешната работа. Потрудете се вашите најдобри вработени да не „прегорат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП