ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во Хрватска во септември 709,5 евра

zagreb12

Просечната нето плата во Хрватска во септември изнесувала 5.442 куни (709,5 евра), што преставува намалување од 1,3 проценти номинално и два проценти реално во споредба со август, соопшти денеска хрватското Национално статистичко биро.

Во споредба со септември 2013 година просечната плата се зголемила номинално за 0,3 отсто и реално за 0,5 проценти.

Највисоката нето плата во септември оваа година изнесувала 10.067 куни и тоа во воздушниот сообраќај, а најниската изнесувала 2.990 куни и тоа во текстилната индустрија (едно евро се менува за 7,67 куни).