28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСекој пост на Роналдо на Facebook е во вредност од 143.750 долари

Секој пост на Роналдо на Facebook е во вредност од 143.750 долари

cristiano-ronaldo-facebook222

Кристијано Роналдо ја одзеде минатата година наградата за најдобар фудбалер во светот од Лионел Меси, а сега ѕвездата на Реал Мадрид победи и во трката и за најголемиот рекламен агент во „Facebook Inc.“.

Секој пост на португалскиот фудбалер е во просек од 143.750 долари за марката, која тој ја рекламира, или два пати повеќе во споредба со позициите на Лионел Меси, покажува истражувањето на германската консултантска компанија „Repucom“.

Објавувањата на Аргентинецот Меси е во просек од 62.500 долари, според „Repucom“.

Фудбалерите посветија време на социјалните медиуми со цел склучување на поголеми рекламни договори, вели Макс Барнет од „Repucom“, кој консултирал фудбалери во оваа сфера.

„Роналдо е кралот на „Facebook““, вели Барнет.

Околу пет или шест лица работат за присуството на Роналдо во социјалните медиуми, според Луис Кореја, извршен директор на седиштето во Лисабон, „Polaris Sports Ltd.“, која управува со правата за имиџ.

Портпаролот на Меси пак изјави за „Bloomberg“, дека тој исто така има „мал тим“, кој работи на неговото присуство во интернет.

Cristiano-Ronaldo-Facebook

Роналдо веќе има над 103 милиони следбеници на „Facebook“, во споредба со над 76-те милиони за Меси.

Вредноста на позициите на Роналдо е поголема за реклами, бидејќи напаѓачот на Реал Мадрид добива повеќе „like“ и коментари, според Барнет.

„Екипата која се грижи за присуството на Роналдо во социјалните медиуми бара оптимално време за постови, како на пример пред дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона, познато како „Ел Класико“ и има повеќе искуство, во споредба со другите спортисти чии профили на социјалните медиуми се управувани од „нивни пријатели“ или пак се под реклами“, вели Барнет.

Меѓу спонзорите на Роналдо се „Nike Inc.“, авиокомпанијата „Emirates“ и производителот на часовници „Tag Heuer“.

Тој заработува 22.5 милиони долари годишно од рекламни договори, во споредба со 21,5 милиони долари за Меси, според „Repucom“, која се повикува на медиумски публикации.

Кореја, вели дека веќе го користат дигиталното присуство на Роналдо кога преговара за договори со спонзори.

„На луѓето им се допаѓаат Роналдо, бидејќи тој е голема личност. Неговата популарност излегува надвор од границите на фудбалот“, вели Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП