20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Канада забави, но сепак ги надмина очекувањата

Економијата на Канада забави, но сепак ги надмина очекувањата

kanada-canada

Канада во третиот квартал забележа негативен економски раст од 0,7 проценти, по позитивниот раст од 0,9 проценти од претходните три месеци.

Вкупниот резултат сепак ги надмина очекувањата на аналитичарите, соопшти канaдскиот Завод за статистика.

На годишно ниво, економскиот раст во третиот квартал изнeсувал 2,8 проценти во однос на 3,6 проценти од претходниот квартал, додека аналитичарите очекуваа раст од 2,1 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Канаѓаните во третиот квартал купиле повеќе потрошувачка стока и нови автомобили, а пораснала и побарувачката на станови, што ја поттикна и нивната изградба, наведува Заводот.

Зголемени се и инвестициите во рударскиот сектор, како и инвестициите во истражување и развој. Покрај тоа, порасна и производството на нафта, додава Заводот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП