Кина ја одобри изграбата на четири железнички линии во вредност од 8,69 милијарди евра за да го подржи економскиот раст на земјата.
Станува збор за третиот договор за инвестирање во железничкиот сообраќај кој Пекинг го потпиша овој месец, што е знак за интензивирање на напорите на владата со цел економско закрепнување, пренесува Ројтерс.
Инфраструктурните проекти имаат за цел интензивирање на инвестициите, со оглед на фактот дека втората економија во светот се соочи со стагнација во производствениот сектор и депресија на пазарот на недвижнини.
Новите железнички линии ќе бидат изградени во провинцијата Џилин, во североисточниот дел од земјата, потоа во северозападната провинција Шанкси, на север од Монголија, како и градот Чонфчинг на западниот дел во земјата, најбрзорастечкиот урбан центар на планетата, се наведува во извештајот за економско планирање, објавен на сајтот на кинеската влада.
Неодамна, Народната банка на Кина ја намали за прв пат во последните две години референтната каматна стапка за да го подржи кинескиот економски раст, кој е најслаб во последните 25 години.