22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 13 илјади лица се жртви на современото ропство во Велика Британија

Околу 13 илјади лица се жртви на современото ропство во Велика Британија

robovi moderni

Околу 13 илјади лица се жртви на ропството и на ропскиот третман во Велика Британија, проценува британскиот Хоум Офис, признавајќи дека станува збор за многу поголема бројка од онаа која се претпоставуваше.

Како жртви на современото ропство се сметаат жените кои се присилени да се занимаваат со проституција, затворениот персонал во домови, каде работат како послуга која нема дозвола за излез кога тие ќе посакаат, како и работниците на полињата, во фабриките и на рибарските бродови.

Според објаснувањето дадено од британската влада, станува збор за податоци од 2013 година и ова е првпат досега една влада и официјално да потврди за состојбата со современото ропство во Велика Британија и да призне дека бројот на „современите робови“ се зголемува.

Жртви на ропството има од околу стотина земји од светот, чии државјани работат и живеат во Британија, но најбројни се оние од Албанија, Нигерија, Виетнам и Романија. Во извештајот на Хоум Офисот се вели дека меѓу жртвите на современото ропство има и возрсни и деца кои се родени и потекнуваат од Велика Британија.

Податоците на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека само во минатата година се откриени нови 2750 случаи на ропство и на ропски труд.

Британската полиција и имигрантските власти, но и хуманитарните организации кои се занимаваат со елиминирањето на оваа состојба признаваат дека нивните сознанија зборуваат за многу помал обем на ропството во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП