2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Honda NSX распродадена во Велика Британија

Новата Honda NSX распродадена во Велика Британија

Acura-Honda-NSX-Concepts-0

Додека се уште чекаме „Honda“ и официјално да го промовира дефинитивниот, сериски примерок на новиот „NSX“, oваа јапонска компанија соопшти дека новиот „NSX“ веќе е распродаден на британскиот пазар.

Поточно, досега во Велика Британија се примени 100 нарачки за овој хибриден „спортист“, па со тоа е распродаден целиот расположлив контигент од првата година од производството наменето за британскиот пазар. Поради тоа во „Hondа“ во оваа земја престанаа да примаат нови нарачки за моделот „NSX“, кој инаку премиера во сериска форма ќе има во јануари 2015-та на саемот за автомобили во Детроит, а кој во Велика Британија ќе пристигне во 2016-та.

Само за потсетување, уште претходно беше соопштено дека новиот „NSX“ ќе комбинира „twin-turbo V6“ мотор, три електромотори, погон на сите четири тркала и менувач со двојно квачило. Засега не е позната моќта на овој „V6 twin-turbo“ агрегат, но американските медиуми проценуваат дека вкупната, комбинирана моќ на хибридниот систем би можела да биде 500+ KS.

Новиот „NSX“ инаку ќе се произведува во „Performance Manufacturing Centаr“ на „Acurа“ во Охајо, а во продажба на американскиот пазар ќе се појави на средината на 2015-та, но таму ќе се продава под името „Acura NSX“ (цената во САД би требало да изнесува околу 100.000 долари).

Покрај новиот „NSX“ во „Coupe“ верзија, „Honda“ овој модел ќе го претстави и во „Roadster“ издание, иако овој модел не се очекува пред 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП