2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептниот Audi TT offroad има најголеми шанси за производство

Концептниот Audi TT offroad има најголеми шанси за производство

Audi-TT-Offroad-1

„Audi“ во изминатиов период претстави три концепти на „TT“ модели, и тоа „TT offroad“, „TT Shooting Brake“ и „Allroad Sportback“, но изгледа дека „TT offroad“ има најголеми шанси за производство. Tоа го потврди шефот за истражување и развој во „Audi“, Улрих Хакенберг.

Поточно, Хакенберг изјави дека истражувањето на пазарот веќе започнало, но според првите информации „TT offroad“, кој според наводите на производителот нуди „комбинација на спортски дух на купе со карактеристики на „SUV“, има веројатно најголеми шанси за сериско производство и тоа токму поради фактот на големата популарност на „SUV/crossover“ моделите.

Засега не е познато кога овој модел би може да се појави на пазарот, но според инсајдерски информации, тоа би можело да се случи најрано во другата половина од следната година.

Потсетуваме дека концептната верзија на овој конкурент на „Range Rover Evoque“, кој се базира на модуларната платформа „MQB“, го придвижува „plug-in“ хибриден погонски систем кој се состои од 4-цилиндарски 2.0-литарски „TFSI“ мотор со моќ на 215 kW, oдносно 292KS и 380 Nm, како и двата електрични мотори со вкупна моќ од 85 kW, oдносно 115KS и 270 Nm.

Kомбинираната моќ на овој погон изнесува 300 kW, oдносно 408KS и 650 Nm. Електричната автономија, благодарејќи на 12 kWh литиум-јонската батерија изнесува околу 50 km, додека вкупната автономија на овој автомобил е 880 km. Поточно, фабричките податоци велат дека просечната потрошувачка изнесува 1,9 l/100 km, додека емисијата на „CO2“ само 45 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП