20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави економскиот раст на Индија

Забави економскиот раст на Индија

indijajkfn7y94yt

Индиската економија во три месеци заклучно со септември порасна за 5,3 проценти на годишно ниво, што е побавно во однос на претходниот квартал, покажаа денес официјалните податоци во Њу Делхи.

Резултатите од третиот квартал, кои благо ги надминаа очекувањата на економистите кои прогнозираа раст од 5,1 проценти, доаѓаат по растот од 5,7 проценти во вториот квартал, кога беше евидентирано највисокото ниво на раст во последните две ипол години, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците за економскиот раст се соопштени неколку дена пред состанокот на индиската Централна банка, па тие ја зголемија надежта дека, со цел поттикнување на инвестициите, централната банка ќе ја намали клучната каматна стапка која од јануари изнесува осум проценти.

„Новите податоци ги поттикнуваат очекувањата дека стапката ќе биде намалена. Економијата, забавува, а инфлацијата забави повеќе од очекуваното“, наведува аналитичарот од истражувачката куќа „Капитал економикс“ Шилан Шах.

Централната банка за тековната година предвидува економски раст од 5,5 проценти, што е малку помалку од владината цел од 5,8 проценти. Иако тоа ниво звучи добро од агол на развиените држави, економистите наведуваат дека на Индија и е потребен раст од најмалку 8 до 9 проценти за да отвори доволно нови работни места за растечката млада популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП