20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите таблети на пазарот во моментов (фото)

Најдобрите таблети на пазарот во моментов (фото)

tableti rast 0

Со наближувањето на божиќните и новогодишните празници темата за електроника станува актуелна.

Еве кои се 9-те најдобри таблети во оваа година, според весникот „Business Insider“:

9. Microsoft Surface Pro 3 – цена: 300 долари.

naj tab 9

Тој е со оперативен систем „Windows 8.1“, популарен кај лаптопите, како и со 12-инчен дисплеј, што го прави нешто помеѓу таблет и ултрабук. Уредот е погоден за луѓето, чија работа ги принудува на често користење на апликациите на „Windows“. Корисниците ќе треба да платат дополнителни 130 долари доколку сакаат да имаат и тастатура.

8. Google Nexus 7 (2013) – цена: 200 долари.

naj tab 8

Иако веќе е над една година, моделот се уште е одличен избор поради неговата ниска цена и тенок дизајн. Тој располага со добар екран и релативно подолг живот на батеријата. Издржува до седум часа работа.

7. Sony Xperia Z2 Tablet – цена: 500 долари.

naj tab 7

Моделот е потенок од првата генерација „iPad Air“, а располага со исклучителен дисплеј. Тој исто така е водоотпорен. Во таблетот од „Sony“ се вклучени осум бесплатни игри за „PlayStation“, како и неколку филма.

6. Amazon Kindle Fire HDX 8.9 (2014) – цена: 379 долари.

naj tab 6

Најновата верзија на таблетот од „Amazon“ е многу лесен за читање на книги и за забава. За купувачите на таблетот е погодно да имаат корист од тоа да си купуваат стока од онлајн продавницата на компанијата. Моделот е еден од најлесните таблети на пазарот. Меѓу еден од главните недостатоци е тоа што не можат да се извадат апликации од „Google Play Store“, туку само такви од продавницата на „Amazon“.

5. Google Nexus 9 – цена: 400 долари.

naj tab 5

Новиот модел таблет на „Google“ се одликува со многу светол дисплеј, како и последната верзија на „Android“. Куќиштето му алуминиумско, а хардверските карактеристики не отстапуваат од таблетите од највисока класа.

4. Samsung’s Galaxy Tab S – цена: 500 долари.

naj tab 4

Овој уред се покажува како еден од најдобрите „Android“ таблети на пазарот во моментов. Тој е исклучително тенок, а според експертите тоа е таблетот со најдобар приказ на пазарот во моментов. Тој е достапен во две големини – 8.4 инчи и 10,5 инчи.

3. iPad mini 2 – цена: 299 долари.

naj tab 3

Иако моделот е веќе поостар, ова е уште еден од најдобрите модели направени од „Apple“. Единствената промена во новата трета верзија е дека доаѓа во златна боја и има отпечаток, а цената му е доста повисока. Моделот е многу тенок и има ретина-дисплеј, како и многу издржлива батерија.

2. iPad Air – цена: 400 долари.

naj tab 2

Првата генерација на моделот се уште е еден од најлесните и најбрзи уреди произведени од „Apple“. За оние кои не сакаат да го имаат последниот модел од марката, уредот е најдобар избор при релативно ниска цена.

1. iPad Air 2 – цена: 500 долари.

naj tab 1

„Apple“ успеа да го направи новиот модел потенок и побрз. Тој, исто така, располага со препознавање на отпечатоци за поголема безбедност. Екосистемот на оперативниот систем е „iOS“, како и огромниот број апликации за него, е меѓу главните нешта кои го прават овој таблет најдобар избор од корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП