18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвозот на Газпром намален за 26 проценти

Извозот на Газпром намален за 26 проценти

gazprom5

Извозот на рускиот гас надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) во ноември е намален за 26 проценти на годишно ниво, на 10,5 милијарди кубни метри.

Откако Словачка во септември ја зголеми реверзибилната испорака на гас во Украина, Газпром испораката на сите клиенти надвор од ЗНД ја намали на договорениот минимум со цел да ги прекине реверзибилните испораки, покажаа статистичките податоци кои ги пренесува Интерфакс.

Под удар се најдоа и Финците и Турците, кои физички не можат да реизвезат гас во Украина. Меѓутоа, реверзибилните испораки за Украина само се зголемија.

Како температурата се намалува во услови на ограничен доток на гас од истокот, европските гасни компании мораат да ги трошат резервите од подземните складишта, за што е потребно многу време. А на почетокот на декември во Европа се очекува првиот бран на ладната зима, наведува Интерфакс.

Газпром, како и претходно не дава ниту најмали сигнали дека би можел да го укине ограничувањето на испораката во Европа во скоро време. Тоа значи дека оваа година извозот може да достигне 146-147 милијарди кубни метри што е за девет проценти помалку од рекордните 162 милијарди кубни метри испорачани во 2013 година.

Украина пред една недела го обнови рекордниот дневен увоз на гас преку Словачка, од 31,65 милиони кубни метри. Притоа, според податоците на Укртрансгас, од 18. ноември Киев од Словачка добива најмалку 31 милиони кубни метри дневно. Двете земји започнаа да работат на проширувањето на техничките можности за реверзибилна испорака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП