17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Бугарија преработено двојно помалку грозје од лани

Во Бугарија преработено двојно помалку грозје од лани

grozde-ce-se-preuzimati-4-5-studenoga-1-80-kn-kg-slika-404136

Оваа година во Бугарија се преработени 109.000 тони грозје, што е двојно помалку од лани, изјави денеска во Пловдив бугарската министерка за земјоделство и храна, Десислава Танева.

Според Танева, како што јави БТА, бугарските винопроизводители се соочиле со „најтешката земјоделска година од аспект на агрометеоролошките услови“.

„Ги поздравувам оние кои имаа приноси со големи трошоци и огромни напори. Се надевам дека винопроизводителите ќе добијат добра цена“, додаде Танева.

Таа нагласи дека за Националната програма за помош на лозаро­винарскиот сектор во Бугарија е обезбеден буџет во износ до над 133 милион евра, додавајќи дека во моментов е предвидена поддршка за шест проекти.

„Постои огромен интерес за Програмата и верувам дека пакетот мерки ќе придонесат за зголемување на конкурентската способност на бугарскоот вино на пазарот“, нагласи Танева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП