20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонаторска вечер за возобновување на храмот "Свето Вознесение Христово" во Владимирово

Донаторска вечер за возобновување на храмот “Свето Вознесение Христово” во Владимирово

donatorska 3

На донаторската вечер за возобновување на храмот “Свето Вознесение Христово” во село Владимирово, одржана вчера во организација на Фондацијата Д­р Михаил Левенски“, во Скопје собрани се над 3.000 евра парични средства.

Пред присутните настапи хорот Света Злата Мегленска под диригенство на Летка Полизова, а беа изложени фотографиите на сега веќе непостоечките икони од Храмот, сликани во 1845­47, од датотеката на Националниот Конзерваторски Центар, како и артефактите останати од пожарот.

Организацијата на донаторската вечер ја помогнаа бројни компании и индивидуални лица, кои најавија помош во потребнен градежен материјал и услуги.

Храмот во село Владимирово, кој е изграден пред 170 години, до темел изгоре во огнена стихија на 1­ви овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП