2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ загуби 2 милијарди евра од санкциите на Москва

ЕУ загуби 2 милијарди евра од санкциите на Москва

500eur

Санкциите за Русија и контрасанкциите на Москва започнаа да и наштетуваат и на ЕУ – извозот во Русија во август е намален за 19 проценти на седум милијарди евра, во споредба со јули, што претставува загуба од две милијарди евра за еден месец.

Падот на извозот е само одраз на забраната за увоз на земјоделски производи од ЕУ во Русија, која Москва ја воведе како одговор на европските санкции.

Во јули е забележан пад на извозот на автомобили за 23 проценти, а во падот е и извозот на трактори.

Германија, на која отпаѓа една третина од производите извезени во Русија, забележа остар пад во продажбата, додека италијанскиот извоз е намелен за половина.

ЕУ повеќе не може да извезува производи кои на било кој начин можат да и користат во воената индустрија во Русија. Без оглед колку се мали шансите за тоа, сепак, европските компании за тоа мора да набават посебна дозвола.

Тракторите, дигалките, крановите и механичките делови потребни за производство на автомобили и камиони спаѓаат под категоријата „двојна употреба“ и за извозот им е потреба посебна дозвола.

Компаниите кои без дозвола ќе извезат производи од овој тип би можеле да бидат казнети со износ од десет проценти од извезената стока.

Набавувањето на посебни дозволи може да го продолжи времето на испорака за неколку месеци, бидејќи многу производи чекаат за добивање на дозвола, и поради тоа европските компании стравуваат дека, поради застојот во испораката, конкурентските компании од Кина и другите земји би можеле да им ја преземат работата во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП