22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2012 година стапката на сиромаштија во Македонија 26,2 проценти

Во 2012 година стапката на сиромаштија во Македонија 26,2 проценти

stapka pagjanje

Стапката на сиромашни лица во Република Македонија според објавените податоци на Државниот завод за статистика во 2012 година изнесувала 26,2 проценти. Бележи намалување во однос на претходните години кога стапката изнесувала 26,8 проценти во 2011 и 27 проценти во 2010 година.

Според објавените податоци бројот на лица кои живееле под прагот на сиромаштија во 2012 година изнесувал околу 540 илјади.

Стапката на сиромаштија е најголема кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе деца и изнесува 53,9 проценти, кај самохраните родители со издржувани деца 30,8 проценти и домаќинствата со издржувани деца каде стапката е 28,7 проценти.

Кај вработените лица стапката изнесува 11,1 отсто, кај невработените 46,5 проценти, кај пензионерите 14,1 отсто и 33 проценти изнесува кај другите неактивни лица.

Во 2012 година 39,5 проценти од лицата имале потешкотии со плаќање сметки и рати од кредит, лица кои не можеле да си овозможат еднонеделен одмор во текот на годината изнесувал 73,6 проценти, 28,7 проценти не можеле да си дозволат автомобил…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП