23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ одобри продажба на сопствени акции на „Бетон“

КХВ одобри продажба на сопствени акции на „Бетон“

komisija hartii

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одобри продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда на Друштвото за градежништво “Бетон” АД Скопје.

Како што соопшти Комисијата за хартии од вредност, предмет на продажба се 2.751 сопствени обични акции со номинална вредност по акција од 255,65 евра и продажна вредност по акција од 4.200 денари. Вкупната продажна вредност на сопствените акции е 11.554.200 денари.

Приватната понуда е упатена за познатиот купувач – правното лице “РЖ Техничка Контрола” АД Скопје .

Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 5,04 проценти од основната главнина на “ДГ Бетон ” АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП