15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота немаат 3,41 милиони Италијани

Работа немаат 3,41 милиони Италијани

italijaitaita548

Италијанскиот Завод за статистика соопшти денес дека 3,41 милиони Италијани биле невработени во месец октомври, што е за 90.000 повеќе отколку во месец септември.

Во споредба со ситуацијата во септември, бројот на невработени е зголемен за 2,7 проценти, а во однос на истиот месец минатата година за 9,2 проценти.

Во извештајот се наведува дека бројот на вработени во октомври е намален за 55.000, односно за 0,2 проценти во однос на претходниот месец, пренесува АНСА.

Остатокот од зголемувањето на бројот на лица без работа е регистриран како последица на општиот раст на работоспособното население.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП