4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБикови на снег - зимската возачка академија на Lamborghini (видео)

Бикови на снег – зимската возачка академија на Lamborghini (видео)

lambo sneg

Иако суперспортските автомобили не се премногу погодни за возење по снег, „Lamborghini“ им нуди можност на заинтересираните да ги совладаат вештините за управување на моделите на оваа марка во екстремни зимски услови.

Италијанскиот производител објави атрактивно видео од зимските курсеви за напредно возње по снег:

Lamborghini“ возачката зимска академија во 2015-та година ќе се одржи во февруари. Во понудата се два курса, а учесниците ќе бидат обучувани на моделите „Huracan“ и „Aventador“.

Првиот трае еден ден, а фокусот на обуката  е да се подобри техниката за управување на суперавтомобилот по снежни услови.

Вториот, понапреден курс, во траење од два дена, има за цел да ги научи возачите како да го извлечат максимумот од моделите на „Lamborghini“ на снег.

Обуката ќе се одржува во зимските туристички центри во Аспен (САД), Ливињо (Италија) и Нагано (Јапонија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП