25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса пронајде „дупка“, доведува штопер!

Барса пронајде „дупка“, доведува штопер!

zameni vermalen

„Каталонците“ добро ги имаат проучено правилата, и покрај што се суспендирани можат да доведат замена за Вермален. Кои имиња се наоѓаат на листата?

Според правилата, Барселона може да доведе играч од шпанската лига или слободен фудбалер, односно Босманов агент. Имено, Вермален ја заврши сезоната поради тоа што операцијата ќе го одвои од теренот околу половина година, а слична беше ситуацијата со Валдез минатата година, кога „каталонците“ размислуваа да доведат играч надвор од преодниот рок, поради тоа што првиот голман им се повреди.

Кое е можното решение?

Првото име кое се споменува е Ромео Ниoм, Французин, односно по потекло Камерунец, кој игра за Гранада. Раководството на неговиот сегашен клуб ќе ја прифати понудата од 5 милиони евра.

Во трката се Карлос Мартинез од Сосиедад, кој може да игра на повеќе позиции, па потоа искусниот Алберт Лопо од Ла Коруња, Хесус Гамез од Атлетико, за кој мисијата ќе биде многу „тешка“.

Од слободните играчи се споменува искусниот Уругваец Диего Лугано, кој не најде ангажман, иако играше на Мундијалот.

„Каталонските“ медиуми типуваат и на Мигел Сан Хозе од Билбао, кој постигна погодок во Лигата на шампионите против Шахтјор.

Некои поскапи опции како Лапорте, Мусаки, се само предвидувања, затоа што Билбао и Виљареал нема да се откажат така лесно од овие играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП