26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ и Албанија договорија исплата на следна транша од 53 милиони евра

ММФ и Албанија договорија исплата на следна транша од 53 милиони евра

mmf38

Албанија постигна договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за исплата на следната транша во вредност од 53 милиони евра од кредитот на земјата.

Раководителот на мисијата на ММФ во Турана Дадим Илахи изјави дека мисијата ќе предложи на советот на директори на ММФ да ја одобри следната транша од кредитот на албанската влада.

Илахи нагласи дека мисијата постигнала договор со владата во Тирана за исплата на следната транша, откако е утврдено дека економската програма на Албанија е во согласност со очекувањата.

Тој, исто така, ги поздрави започнатите од албанската влада реформи во енергетскиот сектор, како и одлучноста на властите во Тирана за исполнување на обврските за постигнување на целта за намалување на државниот долг.

Според Илахи актуелната валутна политика на земјата треба да продолжи со цел за поттикнување на економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП