17 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 работи кои вашиот шеф никогаш не треба да ги слушне

4 работи кои вашиот шеф никогаш не треба да ги слушне

office-boss-660x330

Колку од една страна е вистинит фактот дека врз шефот лежи голема одговорност за работењето во компанијата, толку и самите вработени одредени нешта треба да ги решат меѓу себе.

Според пишувањето на INC, ова се некои од работите кои не би требало да му се кажат на шефот, туку да се решат помеѓу вработените:

1. Презафатен сум

Во секој тим, важно е да се изработи план, да се одредат приоритети и да се извршат задачите. Ако некој поединец во колективот е презафатен, тоа е грешка во комуникацијата, а тоа вработените треба да го решат меѓу себе.

2. Не ме почитуваат доволно

Никоj не заслужува да се чувствува мизерно и во „замка“, без оглед на приходите. Ако вработениот чувствува дека не постои взаемно почитување меѓу работодавецот и работниците, работата би требало да ја побара на некое друго место.

3. Мислам дека стојам во место

Многу е важно компанијата на работниците да им даде можност да се развиваат и напредуваат, но вработените се тие кои на крајот се одговорни за нивното искуство. Ако работникот се чувствува како да стои во место, време е да почне да размислува за својот развој или дури и за промена на кариерата.

4. Незнам што треба да работам

Ако вашиот шеф создал цврста визија во која насока треба да се движи работењето, членовите на тимот би требало да бидат љубопитни и со анализа и креативност да ги истражат можностите за раст. Мислењето дека шефот ги знае сите договори ќе го забави напредокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП