4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНешто помеѓу - серијата Mercedes AMG Sport (фото)

Нешто помеѓу – серијата Mercedes AMG Sport (фото)

ams sport

„Mercedes“ на купувачите кои сакаат помоќни автомобили со спортски карактеристики, а немаат пари или потреба за топ „AMG“ моделите, наскоро ќе им понудат серија на возила со средна моќ, под ознаката „AMG Sport“.

Првите два модели од серијата „AMG Sport“ ќе бидат претставени на авто-саемот во Детроит, во јануари 2015-та.

Како вовед во нивната премиера, „Mercedes“ објави фотографија, но откривајќи експлицитно за кои модели станува збор.

ams sport2

Сепак, не е тајна дека еден од прикажаните автомобили е „Mercedes C 450 AMG Sport“, кој ќе биде понуден во седан и караван верзии, додека другиот најверојатно ќе е купе-кросовер „GLE 450 AMG Sport“, заснован на „Mercedes Concept Coupe SUV“, кој е претставен во април на саемот во Пекинг.

Се очекува дека двата модели моќта ќе ја добијат од модифицираниот 3.0-литарски „V6“ би-турбо бензинец кој произведува 360-370 ks, a „Mercedes“ најави подоцна дека „AMG Sport“ серијата ќе биде проширена со уште неколку модели.

Возилата од „AMG Sport“ серијата во гамата на „Mercedes“ ќе ја заземат позицијата меѓу автомобилите со претежно козметички „AMG Sport“ пакетот и екстремните спортски „AMG“ модели.

ams sport3

Овие автомобили за „Mercedes“ ќе претставуваат она што за „Audi“ се моделите со ознаката „S“, a зa „BMW“ моделите „M Performance“.

Шефот на „AMG“, Тобијас Моерс, верува дека новиот под-бренд ќе му донесе на „Mercedes“ нови купувачи и ќе допринесе продажбата на „AMG“ моделите да достигне 40.000 годишно.

„Планираме до 2017-та да забележиме двојно поголема продажба во однос на резултатот од 2013-та година, кога ширум светот беа испорачани 32.200 „Mercedes“ возила со ознаката „AMG“, вели Моерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП