19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси се подготвува за трансфер во Челзи!?

Меси се подготвува за трансфер во Челзи!?

mesi celziit

Аргентинската телевизија „Direct TV“ соопшти дека ѕвездата на Барселона, Лео Меси, веќе се подготвува за трансферот во Челзи.

Според информациите, со кои располагале во овој медиум, Меси го подготвувал теренот за да се насочи кон тимот, предводен од Жозе Мурињо.

Новинарот Фабијан Годо вели дека Меси веќе започнал да учи англиски јазик. Покрај тоа, тој добил добри информации за обуката што би ја добил во Лондон неговиот син Тиаго.

Финансиската операција за трансферот на „Стемфорд Бриџ“ треба да биде остварена со помош на „Адидас“, кој го облекува Челзи во моментов, но и Меси е нивно заштитно лице.

Можно е производителот на спортска опрема да плати дел од трансферната сума за напаѓачот, која е околу 250 милиони евра.

Фабрегас придонесува за реализацијата на договорот, а нежните половини на Цеск и Лео, кои се пријателки, исто дејствувале во оваа насока.

Според печатот во неговата татковина, Меси одлучил да се проба во друг шампионат, бидејќи не е задоволен од односот на раководството кон него и е уморен од нападите од страна на печатот.

Како што е познато, во последно време зачестија гласините за желбата на Меси да ја напушти Барселона, иако од каталонскиот клуб жестоко негираат за таква веројатност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП