Потрошувачките цени во Шпанија се намалија во ноември оваа година петти месец по ред, зголемувајќи го дополнително притисокот за ниската инфлација која упорно ги мачи земјите во еврозоната.
Во Шпанија цените на мало во ноември, според прелиминарните проценки на Заводот за статистика во Мадрид, на годишно ниво се намалени за 0,4 проценти, што е најголемиот пад од август оваа година, пренесува Ројтерс.
Минатиот месец потрошувачките цени се намалиле за 0,2 проценти.
Во третиот квартал растот на бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија изнесуваше 0,5 проценти во однос на претходниот квартал.
Истовремено прелиминарните резултати од растот на БДП за вториот квартал се ревидирани надолу на 0,5 проценти.
На годишно ниво шпанскиот БДП во третиот квартал порасна за 1,6 проценти, а во вториот квартал за 1,3 проценти.
Аналитичарите стравуваат дека шпанскиот БДП во четвртиот квартал би можел да се намали за 0,1 или 0,2 проценти, како последица на економското забавување во еврозоната.