20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална конференција за женско претприемништво

Регионална конференција за женско претприемништво

zeni pret

Регионална конференција за женско претприемништво, добри практики и вмрежување денеска ќе биде отворена во Мулти бизнис ­центарот на Скопски саем.

Конференцијата е дводневен настан во насока на промовирање добри пракси, размена на искуства и деловно поврзување на жените претприемачи од регионот, во организација на фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, а поддржана од Министерство за економија на Република Македонија, Централната европска иницијатива CEI и Enterprise Europe Network.

На конференцијата ќе учествуваат истакнати жени претприемачи од соседните држави и ќе ги споделат нивните успешни приказни.

Вториот ден од конференцијата ќе биде наменет за бизнис ­средби на кои компании од регионот ќе имаат можност за остварување понатамошна соработка со македонски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП