ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има профит од странците

Германија има профит од странците

germanijaaaa

Германија финансиски профитира од странците што престојуваат во земјата, се наведува во студија на Центарот за европски економски истражувања, изработена за потребите на фондацијата „Бертелсман“.

Како што објави онлајн изданието на „Шпигел“, студијата покажува дека во 2012 година секој странец кој живеел во Германија во просек платил 3.300 евра повисоки социјални давачки и данок. Во Германија живеат околу 6,6 милиони лица без германски пасош.

Претходните студии исто така покажаа дека странците имаат позитивен придонес за германските буџетските институции, се наведува во текстот на „Шпигел“.

Според студијата на Центарот, Германија би можела уште повеќе да профитира доколку се заголеми образовното ниво на имигрантите и ако доселениците помлади од 30 години го достигнат истото ниво на образование како и нивните гермамски врсници, бидејќи тогаш странците во текот на својот живот би можеле да платат 118.400 евра повеќе по глава на жител во форма на даноци и придонеси.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП