4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord започна со производството на првиот хибрид во Европа

Ford започна со производството на првиот хибрид во Европа

 

ford hibrid mondeo 3333

Во својата фабрика во Валенсија, компанијата „Ford“ започна со производство на моделот „Mondeo“ со хибриден бензинско-електричен погон. Тоа ќе биде првиот хибриден „Ford“ кој ќе се изработува во некој од европските погони на овој американски производител.

Иако со 400.000 направени автомобили, вториот најголем производител на хибридни возила во светот (зад неприкосновената „Toyotа“), „Ford“ досега ниту еден од тие модели не го изработуваше во Европа.

„Mondeo Hybrid“ има погонски систем кој се состои од 2.0-литарски бензинец, два електромотори и литиум-јонска батерија. Комбинираната моќ на погонот достигнува 190 ks (140 kW).

Од „Ford“ тврдат дека работниот век на батеријата изнесува десетина години или поминати 240.000 километри.

ford hibrid mondeo 33

Производителот претходно соопшти дека автомобилот просечно троши 4,3 l/100 km со „CO2“ емисија која изнесува 99 g/km.

Кога за погон се користи само електрична енергија, овој автомобил е во состојба да помине и до 32 km, a во хибриден мод од мирување до 100 km/h забрзува за 8,5 секунди.

Хибридниот „Mondeo“ ќе се појави во продажните на европскиот пазар до крајот на 2014-та година. Цената ќе биде во ранг на дизел верзијата, затоа што „Ford“ има намера овој автомобил да го понуди како економична алтернатива на купувачите на „Mondeо“ со дизел мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП